Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Volunteering in Poland” во Полска.
Место: Милич, Полска
Датум: што е можно поскоро (9 месеци)
Повеќе за проектот:
Волонтерот треба да е мотивиран и посветен на задачите. Да зборува течно англиски јазик и да биде проактивен. Со широки сфаќања, одговорност и смисла за хумор се пожелни. За овој специфичен проект, со обзир на неговиот образовен карактер, волонтерот треба да биде согласен за работа со деца/тинејџери и возрасни преку методите на неформалното образование.
За повеќе информации: Инфопакот
Организација-домаќин: The Milicz Association of Friends of Children and People with Disabilities
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 29.09.2024
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.