You are currently viewing Повик за волонтери во Полска!

Повик за волонтери во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Winds of change” во Полска.

Место: Бидгошч, Полска
Датум: што е можно поскоро (12 месеци)

Повеќе за проектот:
Во текот на проектот, волонтерот ќе им помага на лицата со посебни потреби, во градинка и во основно училиште. Волонтирањето, исто така, вклучува работа во „Тераписки центар за работилници“ и активности во градинарство, столарија, рачна изработка и театар. Освен тоа, проектот дава простор за работа во меѓународни младински проекти.

За повеќе информации: Инфопакот

Организација-домаќин: Wiatrak Foundation

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 01.08.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.