Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Youth International: Embracing Diversity in Faenza” во Италија.
Место: Фаенца, Италија
Датум: Почеток: јануари 2026 (6 месеци)
Повеќе за проектот:
Волонтерите ќе ја поддржат организацијата домаќин и локалната заедница со помош во едукативните проекти (училишни работилници, по училиште или курсеви за барање азил), работилници по комуникација, активности во/со Младинскиот информативен центар, промоција на Еразмус+ или локални настани.
За повеќе информации: ИНФОПАКОТ
Организација-домаќин: PiGreco-SEMI di intercultura APS
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 09.11.2025
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
