You are currently viewing Повик за волонтер во Италија!

Повик за волонтер во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Ravenna International” во Италија.

Место: Равена, Италија
Датум: Почеток: јули 2025 (6 месеци)

Повеќе за проектот:

Волонтерите ќе ја поддржат организацијата домаќин и локалната заедница со помош во едукативните проекти (училишни работилници), промовирање на подкастинг, активности во/со Младинскиот информативен центар, промоција на Еразмус+ или локални настани.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ 

Партнер на проектот: PiGreco-SEMI di intercultura APS

Организација-домаќин: LIBRAZIONE Cooperativa Sociale

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 25.05.2025

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.