You are currently viewing Повик за волонтер во Италија!

Повик за волонтер во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов: “Volunteering in Regen farm” во Италија.

Место: Паломбајо, Италија
Датум: јуни – ноември (6 месеци)

Повеќе за проектот:
Темите на проектот се околу агрошумарството, пермакултурата, природните градби и живеењето во заедницата.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ 

Организација-домаќин: Associazione Regen ETS

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 23.05.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.