You are currently viewing Повик за волонтер во Италија!

Повик за волонтер во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Hands for the Community” во Италија.

Место: Финале Емилија, Италија
Датум: почеток: ноември 2025 (6 месеци)

Повеќе за проектот:

Волонтерите ќе ја поддржат организацијата на јавни настани, креативни работилници и активности за подигање на свеста во училиштата и локалните населби, а истовремено ќе помогнат во градината на заедницата и во грижата за животните. Со учење техники на агроекологија и вклучување во активности на отворено, не само што ќе придонесете за социјална инклузија на лицата во неповолна положба туку и ќе стекнете вредни вештини, искуства и врски со поддршка на средината.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Партнер на проектот: PiGreco-SEMI di intercultura APS

Организација-домаќин: Associazione Mani Tese Finale Emilia

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 14.09.2025
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.