You are currently viewing Повик за волонтер во Германија!

Повик за волонтер во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект „Volunteering at Atelierhaus Roter Hahn“ во Германија.

Место: Бремен, Германија
Период:
7.10.2024 – 30.09.2025 (12 месеци)

За проектот:
Дали сте страсни за уметност и работа со деца? Дали длабоко се грижите за социјалната правда и создавањето инклузивна средина за секого? Овој волонтерски проект го комбинира сето тоа! Можете да се приклучите на тимот во Kultur Vor Ort e.V., уникатна организација која се стреми да ги зајакне децата и младите преку уметноста!

Пријавете се доколку имате барем А2 ниво на разбирање, зборување и читање германски.

Повеќе информации: Инфопакот

Проектен партнер: NaturKultur e.V.

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Аплицирајте преку формуларот подоле на страницата: Oвде

Краен рок за аплицирање: 19.05.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.