You are currently viewing Call for a volunteer in Cyprus!

Call for a volunteer in Cyprus!

Волонтерски центар Скопје е во потрага по 1 волонтер од Македонија за учество на ЕСК проектот “YAS! – Youth for Action and Sustainability” во Никозија, Кипар.

Место: Никозија, Кипар.
Датум: 3-ти август 2020 година – 2-ри август 2021 година

На почетокот, во првите неколку месеци има можност за инкорпорирано учење со цел да се започне со проектот иако некои од волонтерите не би биле во Кипар. Затоа ќе се организираат некои онлајн сесии каде што сите би можеле да бидат дел од нив.

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19

Проектот има за цел да ги охрабри младите да научат и да делуваат на решавање на проблеми во општеството. Една од задачите е да се промовира образованието за одржлив развој кое нашите волонтери ќе го пренесат при организирање на настани во општеството, вклученост во солидарни активности и промоција на волонтерството.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ: YAS! Infopack Download

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлук и храната се обезбедени.

Апликација:

Пополнете ја и спратете апликацијата, заедно со мотивациско писмо со одговор на следните прашања:

Кој си ти? Колку години имаш? Зошто сакаш да учествуваш? Како ќе допринесеш за проектот? … И испратете CV (на англиски јазик) на vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 2.8.2020