You are currently viewing Повик за обука во Турција!

Повик за обука во Турција!

Волонтерски Центар Скопје бара учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “All together for European Solidarity Corps” во Турција.

Место: Анкара, Турција
Датум: 14.12.2022 – 20.12.2022

За проектот:

И покрај зголемениот број на млади луѓе и организации кои учествуваат на Еразмус+ проекти ширум Европа, сеуште постои несигурност кога треба да се изработат проекти за волонтирање.

За таа цел, сакаме да ја организираме оваа обука, да ги споделиме информациите и искуствата во ЕСК за да помогнеме на останатите да стекнат потребно знаење, вештини и правилен став за организација на ЕСК проекти, базирани на неформалното образование, размена на добри практики и стандарди за квалитет.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: Limit Gökyüzünde

 

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 13.11.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.