You are currently viewing Повик за обука во Романија!

Повик за обука во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука „Peers 4 inclusion: Non-formal methods to promote inclusion“ во Романија.

Место: Арад, Романија
Датум: 16.10 – 24.10.2024

За проектот:
Обуката е наменета за младински работници кои сакаат да промовираат вклученост во нивната организација, кои сакаат да ги подобрат своите активности правејќи ги подостапни за младите со оштетен вид и кои се посветени на користење на вештините што ги развиваат во локални активности за целната публика.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: Ofensiva Tinerilor

Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 211 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 5.09.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор