Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука „Peers 4 inclusion: Non-formal methods to promote inclusion“ во Романија.
Место: Арад, Романија
Датум: 16.10 – 24.10.2024
За проектот:
Обуката е наменета за младински работници кои сакаат да промовираат вклученост во нивната организација, кои сакаат да ги подобрат своите активности правејќи ги подостапни за младите со оштетен вид и кои се посветени на користење на вештините што ги развиваат во локални активности за целната публика.
За повеќе информации: Инфопакот
Партнер на проектот: Ofensiva Tinerilor
Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 211 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: што е можно поскоро
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор