You are currently viewing Повик за обука во Романија!

Повик за обука во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “Learn Non-Formally” во Романија.

Место: Рамнику Валчеа, Романија
Датум: 13.08 – 22.08.2024

За проектот:
Целта на обуката е да ги информира учесниците за неформалните методи и да тестира работни методи според профилот на организациите. Проектот вклучува примери на добра практика во младинската работа и подобрување на дигиталните компетенции преку креирање на брошура.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: Aide

Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 180 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 31.07.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор