Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “Thematic Awareness Training – Peers for Inclusion” во Романија.
Место: Касоаја, Арад, Романија
Датум: 01.08 – 10.08.2024
За проектот:
Тематската обука за подигање на свеста – Врсници за инклузија – се однесува на младинските работници и обучувачите, нудејќи им теоретски и практични алатки што ќе ги користат при обука и организирање активности за лица со оштетен вид.
За повеќе информации: Инфопакот
Партнер на проектот: Ofensiva Tinerilor Association
Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 180 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: што е можно поскоро
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.