You are currently viewing Повик за обука во Романија!

Повик за обука во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (+20 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “Just think about this” во Романија.

Место: Сарата Монтеору – Бузау, Романија
Датум: 12.01 – 21.01.2024

За проектот:
Обуката “Just think about this” има за цел да ги подобри вештините на младинските работници, со посебен фокус на развојот и примената на способностите за критичко размислување во нивните секојдневни обврски.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: HAIR REDIVIVUS BUZAU, Romania

Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 19.12.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.