Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (+20 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “After the show where do the actors go?” во Романија.
Место: Сарата Монтеору и Бузау, Романија
Датум: 16.04 – 25.04.2026
За проектот:
Целта на проектот е да им обезбеди на младинските работници компетенции и алатки за подобра валоризација на резултатите од Еразмус + мобилностите.
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот:FPT BUZAU
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 309 евра и до 417 евра за зелено патување) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Се плаќа 20 € за учество.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 12.02.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
