Волонтерски Центар Скопје бара младински работници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “Storytelling for Inclusion” во Романија.
Место: Баиле Говора, Валчеа, Романија
Датум: 16.04 – 25.04.2026
За проектот:
Оваа 8-дневна обука има за цел да комбинира интерактивни работилници, лично и групно раскажување приказни, креативно изразување и групи за рефлексија, поддржувајќи ги учесниците во трансформирањето на личните искуства во значајни наративи кои промовираат инклузија и почитување на различноста. Посебно внимание се посветува на етичкото раскажување приказни, претставувањето и одговорното користење на приказните при работа со ранливи или маргинализирани групи.
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: Ofensiva Tinerilor
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 8.02.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
