You are currently viewing Повик за обука во Германија!

Повик за обука во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара 3 учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука „The Art of Communication” во Германија.

Место: Гарлштет, Германија
Датум: 04.11 – 10.11.2024

За проектот:
„The Art of communication“ е обука за младински работници и младински лидери кои сакаат да ја истражуваат темата за комуникација, учење стилови на комуникација, вештини за презентација, ненасилна комуникација и други важни аспекти на комуникацијата.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: NaturKultur

Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 10.09.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор