Волонтерски Центар Скопје бара учесници (18-35 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “Training of Youth Workers: Into the Future” во Германија.
Место: Остерхолц-Шармбек, Германија
Датум: 7.08 – 14.08.2024
За проектот:
Проектот има за цел да обезбеди простор за истражување на предизвиците, подобрување на работните компетенции на младинските работници и создавање долготрајни партнерства. Целта е да се информираат и обучат младинските работници за некои од надлежностите од „Моделот на компетентност за младински работници“.
За повеќе информации: Инфопакот
Партнер на проектот: NaturKultur e.V.
Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Пријавете се преку формуларот на платформа SALTO – ТУКА
Краен рок за аплицирање: 23.05.2024
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.