Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (18+ години) од Македонија за учество на Семинарот “Volunteering Connecting Communities 2.0” во Босна и Херцеговина.
Место: Сарево, Босна и Херцеговина
Датум: 18.02–23.02.2022
!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19
За проектот:
Семинарот за Евалуација има за цел да собере на едно место 24 младински работници, активисти и учесници во локални активности да ги споделат резултатите од работата, да ги идентификуваат пречките и да обезбедат решенија за подобрување на работата на конзорциумот на полето на волонтерството и младинското учество.
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: Udruzenje “Mladi Volonteri” (Босна и Херцеговина)
Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 180 евра ) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
- Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “VCC 2.0“ во Сараево)
- Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
- Закачете го вашето CV на англиски јазик
- Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
-
- Кој сте вие?
- На која возраст сте?
- Зошто сакате да учествувате?
- Како може да придонесете за проектот?
Краен рок за аплицирање: 06.02.2022
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.