You are currently viewing Повик за 2 волонтери во Германија!

Повик за 2 волонтери во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 волонтерн (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “ESC Volunteering at Waldorfschule” во Германија.

Место: Бремен, Германија
Датум: 08.09.2025 – 31.08.2026 или 06.10.2025 – 30.09.2026 (12 месеци)

Повеќе за проектот:

Ако сте креативна и љубопитна личност, би сакале да работите со деца и да ја истражувате педагогијата на Валдорф, тогаш овој ЕСК-проект ќе биде совршен за вас! Би било одлично ако знаете малку германски јазик.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ 

Организација-домаќин: NaturKultur

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 28.05.2025

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.