You are currently viewing Повик за волонтер во Литванија!

Повик за волонтер во Литванија!

  • Post published:

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) од Македонија за учество во долгорочниот ЕСК–проект во Вилнус, Литванија.

Место: Вилнус, Литванија
Период: Jануари 2022 – Jануари 2023

!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со ,,Ковид-19”, како и ограничувањата што одредени земји ги имаат за влез на македонски државјани. !!

За проектот:
Проектот нуди можности за волонтирање во еден од двата отворени младински центри. Преку неформалната едукација и работилници, волонтерите ќе имаат можност да организираат дневни активности и настани. На тој начин ќе стекнат нови вештини, ќе станат тимски играч и повеќе толерантни и одговорни граѓани.

Звучи интересно? Повеќе информации: Infopack!

Проектен партнер: MES

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по литвански јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?
1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за волонтерски проект во Литванија)
3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:

  • Кој сте вие?
  • На која возраст сте?
  • Зошто сакате да учествувате?
  • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 18.12.2021

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.