Тренинг курсот за дизајнирање социјални бизнис потфати “Change Laboratory: Second Floor” собра повеќе од триесет луѓе од четиринаесет земји и се одржа во прекрасниот град Струга. Овие луѓе беа повеќе од заинтересирани да дознаат како може да се комбинираат двете различни идеи на профит и придонес. Јас самиот, не знаев што е социјално претприемништво и како може да работи. Но на оваа тренинг обука ми беа прикажани многу успешни примери на социјално претприемништво кои ги променија моите верувања, кадешто комбинацијата од решавање на општествени проблеми и креирање на бизнис може да резултира во огромен успех во твојот и поважно, животот на дургите.
За време на осумте дена поминати во Струга, нашите активности започнаа со наоѓање и длабоко осознавање на проблемите во нашите заедници. Потоа, учесниците се искомбинираа во тимови и се бореа за своите идеи и цели вистински да се остварат. Резултатот беше седум иновативни потенцијални бизнис проекти каде придонесот е главна цел.
Пред да учествувам во овој проект верував дека, за да започнеш свој бизнис во Македонија мора да имаш добри врски и добра количина на пари, но тука, се докажа дека тоа верување е погрешно. Започнување на бизнис не е невозможно, ова ме стимулирање да ги претворам моите бизнис идеи во акција и да најдам начин како може да проработи. Ова беше моето најголемо откритие на оваа тренинг обука, кое што ќе влијае врз моите идни активности.
За крај, иако овој револуционерен начин на водење бизнис не може да генерира профит како типичен бизнис, придонесува за нешто повеќе, промена во животот на останатите и го прави овој свет подобар. Емир Слезовиќ … “This project has been funded with support from the European Commission. This publication [communication] reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.”