Групни вежби за подобрување на психофизичката состојба на жителите на град Скопје во срцето на градскиот парк. Проектот е поддржан од град Скопје, а имплементатори се Волонтерскиот Центар Скопје и Здружението Салвере. Групните вежби се со интензитет да може секој да се приклучи. Ова е само прв чекор кон подобра физичка состојба.