И во 2024 година, Волонтерски Центар Скопје беше активен општествен чинител, пред се во интерес на младите и нивното поактивно учество во општествените случувања. Организиравме настани и работилници, пишувавме и спроведувавме различни проекти, помагавме секаде каде што беше најпотребно, волонтиравме секаде каде што сметавме дека е во интерес на заедницата. Бевме домаќини на голем број странски волонтери, а во странство испративме уште поголем број млади луѓе од Македонија за да научат нешто ново… и да се променат себеси, потоа и општеството.
Се обидовме целата година да ја спакуваме во дваесетина убаво дизајнирани страници. И вие можете да видите што правевме лани.