Целта на проектот „AGREE! – ACTION FOR GIRLS’ RIGHTS TO EQUALITY AND EMPOWERMENT!“ е да го поддржи и да го поттикне учеството и влијанието на граѓанското општество во поддржувањето на правата на жените и девојките, борбата против дискриминацијата, промовирањето на регионалната соработка и зајакнувањето на социјалната кохезија во Западен Балкан и Турција. Проектните партнери ќе го постигнат тоа преку градење капацитети, вмрежување и иницијативи за застапување насочени кон унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на девојчињата.
Преку проектот ќе воспоставиме Регионална мрежа на граѓански организации (ГО) и ќе ги зајакнеме националните мрежи на ГО за:
Вклученост во застапување базирано на докази и лобирање,
Соработка и формирање партнерства со други мрежи и конзорциуми на национално, регионално, ЕУ, како и глобално ниво, и
Поддршка на национални, локални и новоосновани организации во креирање, тестирање и промовирање локални иницијативи, како и во подобрување на нивниот квалитет, отчетност и способности за собирање средства за да го прошират влијанието и досегот.
Проектот е фокусиран на родовата еднаквост и се справува со предизвиците на нееднаквоста, вклучувајќи ги родовите стереотипи, предрасудите, дискриминацијата и родовото насилство од врсниците/Сајбер насилството врз жените и девојките.
Ќе се спроведе преку следниот пристап:
Воспоставување на регионална мрежа низ сите земји од Западен Балкан и Турција за промовирање на правата на девојчињата за зајакнување и еднаквост. Оваа мрежа, исто така, ќе вклучува и ќе ги зајакне момчињата и девојчињата од различно потекло, како на пример: оние од згрижувачки семејства, Ромите и другите малцински групи, ЛГБТ-заедницата, луѓето со различни способности и жртвите на врсничко родово насилство.
Развивање или зајакнување на националните мрежи на граѓанските организации посветени на застапување за зајакнување и учество на девојчињата на државно ниво.
Градење на капацитетите на граѓанските организации за соработка на иницијативи за родова еднаквост и спечување на врсничкото родово насилство и онлајн и офлајн. Ова вклучува подобрување на нивното организациско управување, спроведување на родово одговорно буџетирање, обезбедување транспарентност и отчетност, усовршување на стратегиите за прибирање финансиски средства и обезбедување подгрантови за поддршка на нивната работа.
Главен апликант: Pomoč deci (Србија)
Партнери: Gruaja tek Gruaja GTG (Албанија), International Interactive Open School MIOS (Босна и Херцеговина), Institute for Development of Civil Society – Innovate IDCSI (Косово), Women Safe House WSH (Црна Гора), Kalben Korunma Altında Yetişen Gençler ve KoruyuicuureriENB (Романија), Волонтерски Центар Скопје (Македонија).
Број на предлог: ИПА III/2023/179703-3/6
