Дневен центар за деца на улица
Нашиот центар, ESC и граѓанските волонтери се вклучени во секојдневните активности во Центарот за деца,каде волонтерите можат да им помагаат на децата со училишни обврски, да организираат работилници, други забавни активности и да ги поддржуваат професорите. Но, исто така, Центарот повеќе би можел да се опише и како место за учење и игра, па нивна главна задача е да се заштитат правата на децата. Исто така, обезбедена е и храна и грижа за хигиената на дечињата. Освен директни активности со децата, ВЦС организира донации за храна, облека и училишен прибор за децата од Центарот. Следи нè на социјалните мрежи да бидеш информиран за тоа кога организираме донации!
ПОУ Златан Сремец
Ние имаме блиска соработка со ПОУ: „Др Златан Сремец”, наш многу драг сосед – Основно училиште за деца со посебни потреби. Ако одбереш да волонтираш тука,ќе бидеш вклучен во повеќе училишни активности, како помагање во секојдневните обврски, креативни работилници, подигање на јавната свест и настани за собирање средства. Можеш да ги провериш деталите за овој проект овде и да нè контактираш ако си заинтересиран! Дали сакаш да го работиш твојот ESC-волонтерски проект со деца? Контактирај нè!