Од 24 септември до 3 октомври годинава, вкупно 5 младински работници, претставувајќи го Волонтерски Центар Скопје беа сведоци и активни учесници на обука “Act it Out!” во Дебрецен, Унгарија. Целта на проектот е да стекне ново знаење за Image и Forum theater.
Секојдневно опкружени со позитивна енергија, работната атмосфера беше одлична. Добрата подготвеност на организаторите допринесе за разбирање и успешно завршување на одредените активности.
Многу ни се допадна самата поврзаност на активностите и како секоја следна се надополнува на претходната. Работевме на разбирање еден помеѓу друг и како да прифатиме друго мислење, макар тоа да се разликува со нашите културни вредности и навики. Како главни теми – Театарот на сликата и Форум Театарот на целиот проект, генералните активности се одвиваа околу овие две теми. Театарот на сликата практично е претстава, односно сцена каде актерите статично претставуваат одредена емоција или врска. Најчесто, темите произлегуваат од секојдневието и се показател на опсесија. Интересното е тоа што и луѓето во публика имаат можност да ја менуваат сцената и со тоа ја менуваат динамиката и природата на самата сцена. Форум театар го користи театарот за постигнување општествени цели. Тоа е форма на театар што ја поттикнува интеракцијата на публиката и истражува различни опции за справување со проблем. Форум театарот често се користи од социјално исклучени и обезвластени групи.
Знаењата што ги добивме од овие искуства се многу важни поради можноста што ќе ја имаме да допринесеме во нашите заедници. Огромна благодарност до Волонтерски Центар Скопје за шансата за партиципација на овој проект и на Hang-kép Egyesület за одличната реализација и гостопримството!
Огнен Јанков