You are currently viewing Кампања за собирање на средства

Кампања за собирање на средства

Волонтерски Центар Скопје со големо задоволство ја поддржува кампањата на нашите многу одговорни и креативни ЕВС волонтери, Моника Наглова и Јакопо Ланди, наменета за децата од Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари. Се надеваме дека ќе успееме да собере доволно средства за овие деца, средства кои ќе бидат наменети за набавка на соодветни училишни материјали и некои основни работи кое секое дете треба да ги поседува, како што се облека, четка за заби, пешкири и чевли. Ве замолуваме и ВИЕ да дадете свој придонес, секоја МАЛА контрибуција е добредојдена. Споделете со вашите пријатели, АЈДЕ да им дадеме поддршка!!!
http://gogetfunding.com/an-ordinary-thing-can-make-their-day-extraordinary/