Нов одобрен проект “Challenging Youth trough Youth Work!”

Почитувани,
Со големо задоволство ве информираме дека ВЦС Скопје доби грант доделен од програмата Еразмус+ на Европската Комисија за реализација на проектот “Challenging Youth trough Youth Work!” од Клучна Акција 2 – Соработка за иновации и размена на добри практики – градење на капацитети во областа на младите. Нашето позитивното искуство во креирање на младински политики и работа со млади во Македонија ќе го искористиме  во Киргистан . Почнувајќи од септември 2015 година, заедно со нашите партнери Youth Human Rightѕ Group од Киргистан и OFENSIVA TINERILOR ASOCIATIA од Романија ќе го спроведеме овој проект кој ќе се состои од серија активности за младински работници, што ќе резултира со подобрување на квалитетот на младинската работа во Киргистан, вклучувајќи развивање подобри системи за поддршка на младите во земјата. Наскоро ќе следуваат повеќе информаци за проектот и начинот на спроведување.