Волонтерски Центар Скопје како членка на Европската Youth4Media мрежна асоцијација ги поканува сите заинтересирани да учествуваат на Меѓународната награда за граѓански медиуми 2014 година.
Оддавање почит на истакнат труд на граѓанските медиуми: тоа е целта на “Меѓународната награда за граѓански медиуми 2014”. Оваа година темата е “работа-живот-баланс: усогласување на работата и семејниот живот”. До 31 август заинтересираните лица можат да испратат во нивните апликации во категориите аудио и видео. “Меѓународната награда за граѓански медиуми” е поддржана од страна на Центарот Bennohaus, Европската Youth4Media Мрежна асоцијација и федералното здружение на граѓани и образовни медиуми (Bundesverband Bürger-und Ausbildungsmedien eV). Партнер соработник е Сојузот на Здружението на отворени канали (Bundesverband Offener Kanäle). Дополнителни информации можете да најдете на следниот линк: www.icm-award.com/english.