Повик за учесници од Македонија за тренинг курсот именуван “Во Фокус”, кој ќе се одржи во Висла, Полска од 23-30 септември и во кој ќе земат учество млади од следните земји: Полска, Македонија, Литванија, Ерменија, Азербејџан, Грузија, Италија, Босна и Херцеговина, Холандија , Турција, Србија и Малта. Темата на проектот е фокусиран на социјалната инклузија, анти-дискриминација и управување со проекти што овозможува вклучување на млади со ограничени можности и е насочен кон борба против маргинализацијата и сиромаштијата. Тренинг курсот се спроведува со поддршка на Програмата Млади во Акција со што оброците и сместувањето се целосно покриени, а патните трошоци ќе бидат надоместени до 70 проценти по завршувањето на проектот преку банкарски трансфер. Ако сакате да знаете повеќе детали и да се пријавите за оваа обука контактирајте не на: vcs_contact@yahoo.com.