Горан Алачки и Бајса Арифовска на денот на пролетта поканија 16 деца од Центарот за Социјални Иницијативи „Надеж“ и од Дневниот центар за деца на улица да присуствуваат на музичка професионална работилница заедно со нив во Пионерски Дом, Скопје. Оваа професионална работилница, предложена од страна на Горан Алачки, неговото музичко училиште и од Бајса Арифовска, беше одлична можност за овие деца од Шуто Оризари да ги испеат песните кои што ги учеа во текот на последните 9 месеци на музичките работилници имплементирани од страна на Сара Бастабл од Франција, волонтер во Волонтерски Центар Скопје преку Европскиот Волонтерски Сервис од програмата Млади во Акција. Во текот на оваа работилниц секое дете имаше чест да пее индивидуално со овие професионални музичари!
Настанот се одржи на 21ви март, од 13:00 до15:00 во просториите на Пионерскиот дом.