Во Саботата на 28 Април во Градскиот парк во Скопје се одржаа последните две активности од локалниот проект „Премостување на поделени заедници од страна на млади луѓе„. Првата активност „ Давајќи„ беше хуманитарна акција посветена на децата од улица кои го посетуваат едукативниот центар за дека од улица – Шуто оризари. Во текот на оваа акција се собираше облека, играчки или храна за децата кои доаѓаат од дневниот центар за деца. Втората активност беше натпревар во здрава храна која ја затвори и кампањата „ Нахрани го мозокот наместо твоето тело„ која започна на 17 Април со презентација на филм во МКЦ и продолжи со предавање за неутриционизам на 20 Април во канцеларијата на Волонтерски Центар Скопје. Ви заблагодаруваме за вашето присуство како и за взаемната подршка. Хуманитарна акција за помош За повеќе фотографии ве молиме посетете не на Facebook of Volunteers Centre Skopje.