You are currently viewing Повик за волонтер во Германија!

Повик за волонтер во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Volunteering at Precious Plastic Bremen“ во Германија.

Место: Бремен, Германија
Период: 5.10.2026 – 30.09.2027 (12 месеци)

За проектот:
„Precious Plastic Bremen“ е непрофитна иницијатива и динамично социјално претпријатие посветено на заштита на животната средина, зачувување на ресурсите и социјална инклузија.
Како волонтер ќе имате можност да работите со креирање содржини за социјални медиуми, да истражувате и да уредувате, да документирате влијание, да организирате работилници и да ги имплементирате вашите сопствени идеи.

Повеќе информацииТУКА

Проектен партнер: NaturKultur e.V

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето, храната и џепарлак, како и часовите по германски јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 10.09.2026

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.