You are currently viewing Повик за младинска размена во Македонија!

Повик за младинска размена во Македонија!

Волонтерски Центар Скопје бара 10 учесници (13-18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Local Roots, European Futures“ во Македонија.

Место: Струга, Македонија
Датум: 5.08 – 14.08.2026

За проектот:
Оваа активност претставува билатерална младинска размена меѓу Македонија и Франција. Таа отвора можност за соработка преку споделување културни вредности, начин на живот и уметнички израз меѓу младите луѓе од двете земји за нивно подобро вклучување во општеството.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Партнер на проектот: Ville de Roubaix

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 28.07.2026

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.