You are currently viewing Повик за волонтери во Португалија!

Повик за волонтери во Португалија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Solidarity, yes we can“ во Португалија.

Место: Арукелас, Португалија
Период: што е можно поскоро (од 2 до 12 месеци)

За проектот:
Волонтерите ќе живеат во локална заедница, помагајќи им на децата и обидувајќи се да ги интегрираат со постарата популација. Во Арукелас, населението е претежно постаро, па затоа волонтерите се таму за да создадат поголема интеракција помеѓу младите и постарите лица.

Повеќе информации: INFOPACK

Проектен партнер: “H2O” – Associação de Jovens de Arrouquelas

Технички детали::
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 395 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

How to apply?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 16.06.2026

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.