Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18 – 30 години) од Македонија за учество на краткорочниот (2 месеци) ЕСК проект “Voluntary steps“ во Турција.
Место: Анкара, Турција
Датум: 01.03-30.04.2026 (2 месеци)
За проектот:
Како волонтер, ќе работите во училишта, ќе организирате креативни активности како сликање, цртање, игри, спорт и ќе водите англиски разговорен клуб. Ќе учествувате во снимање и уредување кратки едукативни видеа и креирање содржина на социјалните медиуми. Ќе организирате културен ден и ќе работите во канцеларијата на организацијата.
За повеќе информации: ИНФОПАКОТ
Партнер на проектот: ANDER
Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС +, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Како да се пријавите?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 19.02.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
