You are currently viewing Повик за обука во Романија!

Повик за обука во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара младински работници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука Storytelling for Inclusion во Романија.

Место: Баиле Говора, Валчеа, Романија
Датум: 16.04 – 25.04.2026

За проектот:
Оваа 8-дневна обука има за цел да комбинира интерактивни работилници, лично и групно раскажување приказни, креативно изразување и групи за рефлексија, поддржувајќи ги учесниците во трансформирањето на личните искуства во значајни наративи кои промовираат инклузија и почитување на различноста. Посебно внимание се посветува на етичкото раскажување приказни, претставувањето и одговорното користење на приказните при работа со ранливи или маргинализирани групи.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: Ofensiva Tinerilor

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 8.02.2026

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.