Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Solidarity in Action“ во Хрватска.
Место: Пула, Хрватска
Период: февруари – септември 2026 (7 месеци)
За проектот:
Проектот вклучува организирање изложби, филмски проекции, литературни програми, дискусии и креативни работилници кои промовираат дијалог, човекови права и активно граѓанско учество. Исто така, ќе се стекнете со практично медиумско искуство преку креирање на содржини за Радио Ројц и поддршка на комуникацијата и промоцијата преку социјалните медиуми и Инфо местото. Заедно со работата во заедницата, како што се инклузивните работилници и библиотеката ROJCbook, ќе бидете охрабрени да го развиете сопствениот креативен проект врз основа на вашите интереси и вештини.
Повеќе информации: INFOPACK
Проектен партнер: Rojc
Технички детали::
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.
How to apply?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 15.02.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
