You are currently viewing Повик за волонтери во Полска!

Повик за волонтери во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов Volunteering in kindergarten во Полска.

Место: Гдањск, Полска
Датум: март 2026 – декември 2026 (9 месеци)

За проектот:
Бараме ентузијастични волонтери да се приклучат на една од двете градинки во Гдањск.
Задачите на волонтерите ќе бидат:
– поддршка и помош во активностите, како и организирање на сопствените активности
– одговорности за здравјето и безбедноста
– помош со специјални проекти
– олеснување на учењето преку игра

Повеќе информации: Инфопакот

Проектен партнер: Regionalne Centrum Wolontariatu w Gdańsku

Технички детали::
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето, храната и џепарлак, како и часовите по полски јазик се обезбедени.

How to apply?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 1.02.2026

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.