Здраво! Јас сум Артур, дипломирав филозофија и работам како професор по француски јазик повеќе од една година. Доаѓам од мал град веднаш до Лион, Франција, што навистина ми се допаѓа но повикот за авантура беше поголем од љубовта кон мојот роден град, па еве ме.
Како професор, навистина ми се допаѓаше да ги гледам моите ученици како сѐ повеќе и повеќе самоуверено зборуваат француски, но навистина ми недостигаше пишувањето, што беше огромен дел од мојот живот кога бев студент. Затоа го избрав ВЦС, за да можам и да предавам и да пишувам во ВОИСЕС.
Веќе неколку пати сум бил во Македонија и секогаш е задоволство да се доживее балканската култура и да се цени колку може да биде поразлична од француската. Ми се допаѓа храната, музиката и бруталистичката архитектура.
Во слободното време сакам да учам нови работи, јазици, историски и научни факти, но и нови стратегии во видео игрите. Порано бев еден од најдобрите играчи во Европа во игра со карти наречена Hearthstone; сега претпочитам помалку натпреварувачки активности.
Мојот живот постојано посветен на учење, не ми помогна да бидам особено друштвена личност, но тоа е нешто на што работам и очигледно е дека тимската работа со другите волонтери ќе биде корисна во тој аспект.
Артур Бонур-Толфо
Организација-испраќач: ADICE
