Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „ESC Christmas“ во Унгарија.
Место: Нагиважони, Унгарија
Датум: 21.11.2025 – 14.12.2025 (22 денови)
За проектот:
Волонтерот ќе организира креативни активности за деца, ќе подготвува традиционални пакети од Дедо Мраз и ќе придонесува за културни настани како што се Денот на нацијата, Медитеранскиот ден, Меѓународниот ден на волонтерството и посебната унгарска прослава Лука во Нагиважони. Волонтерите ќе имаат можност да го посетат Веспрем, европската престолнина на културата за 2025 година, и да помогнат во промоцијата на проектот преку визуелна документација со фотографирање, креирање содржина на социјалните медиуми, кратки видеа и статии за споделување на искуството и резултатите со поширока публика.
За повеќе информации: ТУКА
Партнер на проектот: Fekete Sereg Nagyvázsony
Технички детали: Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС+, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Како да се пријавите?
- Пополнете го формуларот за апликацијана англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 02.11.2025
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
