Кажете „HOLA“! на нашите нови шпански студенти по Стручно образование и обука! Тие ни дојдоа од Барселона. И ќе бидат поддржани од ВЦС во следните два месеци за време на нивната пракса. Ќе работат во туристичката агенција „АРБО Травел“, хотелот „Амбасадор“ и во компанија за индустриска автоматизација и роботика. Им го посакуваме најдоброто за време на нивниот престој во Македонија!
Себастијан
Себастијан има 21 година и е по потекло од Перу. Тој живее во Шпанија во последните 5 години, каде што студирал туризам и неодамна дипломирал. Дошол во Македонија затоа што ужива во авантурата да живее во друга земја, да искуси нова култура и да поминува време со луѓе надвор од неговиот круг на пријатели и семејство.
Себастијан ќе има пракса во туристичката агенција „АРБО Травел“.
Абрао
Абрао има 21 година. Роден е во Бразил. Студира роботика и автоматизација. Сака да стекне ново искуство и да има забавни авантури тука. Сака да испробува нови работи, да решава проблеми и да игра видео игри како што се симулаторски игри. Се надева дека ќе биде дел од добра компанија, да научи како функционираат работите во Македонија и да истражи нова средина за време на неговиот престој тука.
Абрао ќе има пракса во компанија за индустриска автоматизација и роботика.
Абрил
Абрил има 20 години и доаѓа од Барселона. Студирала туризам и го избрала стажирањето за да го искуси животот во нова земја и да живее нова авантура. Во слободното време ужива во сликање, цртање и слушање музика.
Абрил ќе има стажирање во туристичката агенција „АРБО Травел“.
Андреа
Андреа има 20 години. И таа е од Барселона. Студирала туризам и во иднина сака да биде член на авионски кабински екипаж. Сака да чита книги, да гледа филмови и серии, а исто така и да патува и да запознава други земји.
Андреа ќе стекнува пракса на рецепцијата во хотел „Амбасадор“.
Даниел
Даниел има 20 години и ни доаѓа од Барселона. Студирал туризам и претходно работел во хотел пред да дојде тука. Одбрал да дојде во Македонија за да излезе од својата зона на удобност. Многу сака да патува и да истражува нови земји, ужива во фудбалот и спортот воопшто и сака да поминува време со своите пријатели.
Даниел ќе стекнува пракса на рецепцијата во хотел „Амбасадор“.
Организација испраќач: Uniser