Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “F.E.V.E.R: Fostering Equality, Visibility and Empowerment for Rights” во Франција и Португалија.
Места: Бомот-Обертан, Франција | Португалија: Ќе биде објавено дополнително
Датуми: 24.11. – 29.11.2025 и 13.04. – 18.04.2026
За проектот:
Проектот „F.E.V.E.R“ се состои од 2 обуки:
- „Engaging Youth in GBV Prevention“ (24-29 ноември 2025 година, во Франција), за да се научи повеќе за динамиката на родово базирано насилство во меѓукултурни средини и да се експериментира со алатките за неформално образование за негово спречување
- „Tools For Change“ (13-18 април 2026 година, во Португалија), за да се евалуира наученото од првата обука и да се навлезе подлабоко во темите.
Учесниците треба да бидат достапни за учество во обете обуки (во Франција и Португалија) и помеѓу двете обуки и по нив, од учесниците се очекува да ги испробаат алатките и методите во нивните локални заедници и активности.
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: Solidarités Jeunesses
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 14.09.2025
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
