Мерхаба! Се викам Илгин, имам 22 години, доаѓам од Измир сум, најубавиот град во Турција. 🙂 Неодамна дипломирав на Универзитетот во Анкара, каде што студирав Политички науки и Јавна администрација.
Минатата година ја поминав во странство, во Шпанија и Брисел, на програма за размена и пракса, во што навистина уживав. Овие искуства ми ја проширија перспективата за животот и ми дадоа самодоверба во мојата работа. Еден од моите најголеми соништа е да истражам што е можно повеќе земји и култури.
По завршувањето на студиите, сакав да одвојам малку време да го истражам животот пред да ја започнам мојата професионална кариера. Затоа одбрав да се приклучам на оваа програма за волонтирање. Ова е мојата прва посета на Балканот и на Скопје. Верувам дека ова искуство ќе ми даде можност да го откријам не само градот, туку и себе си.
Моите хобија би ги опишала едноставно како „испробување нови работи“. Обожавам јога, трчање, читање, останување активна и фотографирање многу. Отсекогаш ме интересирала уметноста и музеите. Во текот на моите студии, активно учествував во дебати и во театар.
Исто така, сакам да истражувам нови градови, филмови и музика. Особено откривањето на различни култури, кујни и традиции. Дури и со нетрпение очекувам да ја доживеам мојата прва „кафана“. :))
Се сметам за срдечна личност и веќе се чувствувам поврзана со гостопримливите луѓе овде. Сигурна сум дека овој месец ќе биде полн со прекрасни искуства и тимска работа. Верувам дека ова патување ќе корисно и за мене и за оние со кои ќе работам.
Па, да почнеме!
Илгин Сабунџу
Организација-испраќач: Avrupa Birliği Çalışmaları Merkezi Derneği
