You are currently viewing Повик за волонтери во Италија!

Повик за волонтери во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Green Faenza” во Италија.

Место: Фаенца, Италија
Датум: Почеток јуни/јули (6 месеци)

Повеќе за проектот:

Волонтерот ќе ја поддржи организацијата-домаќин и локалната заедница, помагајќи при разни локални фолклорни настани, промовирајќи ги европските можности за младите и негувајќи дух на солидарност и креативност.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ 

Организација-домаќин: RIone Verde APS

Технички детали:

Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 13.04.2025

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.