Почитуван читателу,
Птиците цвркотат, водата ја бранува планината, ветерот минува низ дрвјата и го чувствуваш сонцето како ти го грее лицето. Дојде пролетта, а со неа и (ново) издание на ВОИСЕС полно со инспиративни идеи.
За мене, пролетта е период за повторно поврзување со природата, да се излезе надвор, но и време полно со инспирација, размислувања и изненадувања. Чувствата, мислите и фантазиите се особено силни или појасни во природа, затоа што се поврзувате со себе, како и со околината. Вашиот ум е слободен и не мора да бидете под постојан притисок дека треба да ги исполните очекувањата.
Доаѓајќи во Македонија, навистина немав посебни очекувања или список на работи што сакав да ги направам. Барем еднаш сакав да се изненадам и да не се притискам премногу. Можеби малку се лажев, бидејќи очигледно сакав да стекнам нови искуства, да уживам во времето и да пораснам на секаков начин. Како и да е, како личност која често размислува премногу, мислам дека ова, сепак, беше добар начин на поставување на работите. Мојот план беше да оставам да видам каде ќе ме однесе текот на настаните. Дефинитивно не го очекував местото каде што сум сега, но без сомнение е прекрасно, секако со позитивни и негативни страни што ми овозможи едно незаборавно патување.
Да оставиш работите да се случуваат е, исто така, начин да си верувате себеси, а понекогаш и на другите, бидејќи уверени сте дека каде и да завршите – ќе биде добро. Замислете дека седите во чамец. Се разбира, понекогаш треба да ја земете лопатката во рака, малку да ја прилагодите насоката или да завртите за 90 степени. Меѓутоа, понекогаш кога нешто е добро, дозволете да видите каде ве води потокот, бидејќи тоа место може да биде изненадувачки убаво. Затоа, качете се и верувајте му на чамецот или користете ја лопатката – како и да е, зависи од вас!
Мајке Зојферт