You are currently viewing Повик за обука во Словенија!

Повик за обука во Словенија!

Волонтерски Центар Скопје бара 2-3 учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “OK not to be OK” во Словенија.

Место: Свишчаки, Словенија
Датум: 11.05 – 18.05.2025

За проектот:
Повелете на 6-дневна обука што се фокусира на личниот развој, менталната благосостојба и самозајакнувањето на младинските работници, истовремено поддржувајќи ги учесниците во процесите на зголемување на самосвеста и промовирање на автентичноста, критичкото размислување и способноста за подобро разбирање себеси и на другите.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: Zavod Voluntariat

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: info@zavod-voluntariat.si

Краен рок за аплицирање: 26.03.2025

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.