You are currently viewing Повик за волонтер во Германија!

Повик за волонтер во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Local Connections“ во Германија.

Место: Бремен, Германија
Период: 8.09.2025 – 31.08.2026

За проектот:
Главна цел – да ни помогне да изнајдеме нови конекции со други организации во Бремен – училишта, младински домови, иницијативи и организации од културната сфера. Тоа би значело дека вие:

  • ќе се вмрежувате со други организации во градот и околината, како младински центри, универзитети, НВО-а, иницијативи, градскиот совет и потенцијални нови хостинг организации.
  • ќе организирате презентации за волонтерство и меѓународна младинска работа – не грижете се, ќе вежбаме заедно и ќе научите како тоа се прави!
  • ќе организирате локални активности и проекти, како акции за чистење, работилници на вашите омилени теми и активности за останатите 14 ЕСК волонтери во Бремен.
  • ќе помагате околу одржувањето на веб страницата, креирање на содржини за објава итн.
  • ќе развивате ваши сопствени проектни идеи и цели за учење
  • ќе ги набљудувате во работата останатите членови од тимот и ќе потпомагате во останатите области на нашето НВО – ќе работите со нашиот тим во сите области на NaturKultur e.V. и посебно со нашите три волонтера за Социјални Медиуми, креирање содржини и одржливост/ KulturHaus.
  • ќе организирате тури во Бремен за учесниците на нашите проекти и ќе давате поддршка на тимот во локалните активности во Гарлштад и Бремен.

Повеќе информации: ТУКА

Проектен партнер: NaturKultur e.V

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето, храната и џепарлак, како и часовите по германски јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 16.03.2025

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.