Волонтерски Центар Скопје бара учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука „It’s up to me“ во Германија.
Место: Гарлштед, Германија
Датуми: 1-ва обука: 10.06 – 18.06.2025 / 2-ра обука: 21.11 – 26.11.2025
При процесот на селекција, во предвид ќе бидат земени единствено кандидатите што ќе можат да присуствуваат на двете обуки.
За проектот:
„It’s up to me“ е холистички пристап за развивање квалитетни обучувачи и младински работници кои потоа ќе го пренесуваат знаењето, ќе организираат и испорачуваат висококвалитетни проекти во рамките на програмата „Еразмус+“. Проектот ќе придонесе за подигнување на квалитетот на „Еразмус+“-проектите што ќе се организираат во иднина, развивање на капацитетите на организациите и подобрување на квалитетот на младинската работа.
За повеќе информации: Инфопакетот
Партнер на проектот: Natur Kultur e.V.
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 309 евра, “green travel” 417 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Се плаќа партиципација од 100 € за двете обуки (50 € по една).
Како да аплицирате?
Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик на SALTO-YOUTH —> Формулар за апликација
Краен рок за аплицирање: 3.03.2025
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор. Датум на избор: 17.03.2025